Oва е новиот Hyundai Tucson

124

Koрејскиот производител на автомобили Hyundai ја претстави својата најнова, петта генерација на популарниот SUV Тucson.

Се чини дека добиваме сосема нов, редизајниран голем SUV автомобил направен во согласност со новата дизајнерска филозофија на брендот позната под името – “Art of Steel”.

Моделот има исправена форма, со остри линии и големи површини кои на теренецот му даваат поробусен изглед, но и димензиите се поголеми што даваат посилна силуета, но и секако, повеќе простор внатре.

Во предниот дел, доминира новата светлосна линија, во форма на латинската буква H.

Новиот Tucson ќе биде долг 4,7 метри, што е за 180 мм подолго од претходникот, а меѓуосовинското растојание изнесува 2.785 мм.

Широк е 1.905 мм (за 40 мм пошироко) и висок 1.685 мм (+20мм).

Зголемените димензии, логично нудат повеќе простор и комфор во внатрешноста, а за згодноста на моделот, дополнително придонесуваат и задните врати кои се отвараат под агол од 83 степени што е за 10 степени повеќе од претходникот.

И ентериерот е целосно сменет и се врти околу новиот Pleos мултимедијален систем.

Во центарот е поставен голем екран, а под него се поставени и физички копчиња, комбинација која се почесто ја гледаме кај автомобилите на светските брендови.

Инструмент кластерот е издвоен и поставен зад воланот и во видното поле на возачот.

И целиот ентерир е некако сменет, освежен и дава некоја мекост и рафинираност со своите смирени пастелни бои.

За техничките информации и спецификации се чини дека ќе почекаме уште малку, бидејќи истите не се објавени преку оофицијалните медиумски канали.

Реклама