На Саемот за автомобили во Пекинг, беше објавено дека Peugeot планира во фабриката на Dongfeng да произведува нови електрични возила кои ќе бидат наменети само за Кинескиот пазар.
Повеќе за оваа информација можете да прочитате на следниот линк.
Новата информација вели дека двете компании планираат инвестиција од 1 милијарда евра во фабриката во Вухан, од кои Европската групација ќе инвестира 170 милиони евра, за да се подготви фабриката за производство на електрични возила од марките Peugeot и Jeep.

Веќе е извесно дека во оваа фабрика ќе се произведуваат сериските модели (голем седан и SUV) кои треба да произлезат од концептите :
PEUGEOT Concept 6 претставува визија на брендот за новата генерација на големи седани. Елегантен и спортски, модерен, Concept 6 го рефлектира францускиот пристап кон дизајнот.
PEUGEOT Concept 8 ја подготвува иднината на големите SUV возила во PEUGEOT. Ефикасен, аеродинамичен, спортски и со голема комфорност за патниците.







