Авто слалом на историски возила во Скопје!

392

Полека зовреваат страстите и адреналинот кај нашите Македонски октански херои!

Оваа Недела, на паркингот на с.ц. Борис Трајковски во Скопје, во 11 часот, започнува првиот официјален “ТСД Авто Слалом” Државен натпревар на Националната Федерација на Историски Возила на Македонија, во Скопје.

Во подготовката на овој историски настан беспоштедно е ангажиран и нашиот пријател и соработник, Мојсие Милосавлевски, претседателот на Националната федерација на историски возила, кој и самиот ќе се натпреварува до две категории.

Во организацијата на овој сериозен настан, со поддршка се вклучи и LIQUI MOLY Македонија, ексклузивниот увозник и дистрибутер на моторните масла, адитиви и сервисни препарати на LIQUI MOLY.

Нашата редакција со задоволство ќе присуствува и директно информира од настанот.

Присуството на сите фанови на автомобилизмот е – задолжително!

Реклама