Концептите на Peugeot, што ќе се произведуваат во Вухан!

1296

Францускиот производител на автомобили PEUGEOT се претстави на Меѓународниот Саем за автомобили во Пекинг со два концептни модели, со што го најавува своето засилено присуство на овој сериозен автомобилски пазар, особено значаен во процесот на електрична трансформација.

На Саемот, Peugeot ги претставува двата концепти :

PEUGEOT Concept 6 претставува визија на брендот за новата генерација на големи седани. Елегантен и спортки, модерен, Concept 6 го рефлектира францускиот пристап кон дизајнот.

PEUGEOT Concept 8 ја подготвува иднината на големите SUV возила во PEUGEOT. Ефикасен, аеродинамичен, спортски и со голема комфорност за патниците.

Овие два концепти на големи седани и SUV-a се роизведени во Кина и се наменети за Кина, како то врочем тоа го прават и останатите производители а автомобили, но секако дел од возилата ќе бидат спакувани и транспортирани и на други пазари во светот. Инаку, возилата претставуваат комбинација на дизајнот на Peugeot со технологијата на партнерт Dongfeng, кој ќе биде одговорен за производството во својата фабрика во Вухан.

Реклама