Volkswagen продаде 1,5 милиони електрични автомобили!

314

Volkswagen постигна значајна точка во својата развојна стратегија, продавајќи го 1,5 милионитиот примерок на електричните ID возила.

Јубилејниот продаден примерок кој излезе од фабриката во Емден беше ID.7 Tourer Pro во црна боја, а на свечениот настан присустуваше и Олаф Лиес, Министерот Претседател на Долна Саксонија.

За прв пат, електричните автомобили од семејството ID на Volkswagen започнаа да се продаваат пред пет години, во Септември 2020 година.

Фабриката во Емден е целосно посветена на производство на електричните автомобили, а во нејзината трансформација и адаптација, компанијата има инвестирано една милијарда евра.

Од своето лансирање до денес, семејството ID сериозно порасна. Приказната започна во 2020 година со моделот ID.3 – првото возило на Volkswagen развиено целосно како електрично возило. Продолжи со SUV моделот ID.4 (2021) и неговата купе верзија ID.5 како и со електричниот автобус ID. Buzz. Најнови членови на ова семејство се ID.7 и ID.7 Tourer, ко излегоа во 2024 година.

Volkswagen ја продолжува својата иницијатива за воведување на нови електрични модели, па во 2026 година е најавено лансирањето на моделот ID. 2all кој треба да чини под 25,000 евра, а подоцна ќе дојде и ID. EVERY1, модел кој треба да чини околу 20.000 евра.

Реклама