КIA собра три вредни награди!

27

Корејската компанија KIA собра три вредни награди на овогодишната манифестација Златен Волан, која е воедно и една од најзначајните Германски манифестации од светот на автомобилите, и тоа за своите модели – EV2, EV5 и K4 Sportswagon.

Со тоа, КИА постави и рекорд, како прва неевропска компанија која успеача во истата година да освои повеќе од една награда.

Манифестацијата е организирана од списанијата AUTO BILD и BILD am SONNTAG.

Во натпреварот беа избрани 90 финалисти, од кои читателите во финалето пратија 27 автомобили.

Овие финалисти потоа беа тестирани од страна на жири составено од 23 новинари кои ги анализираа следните точки – управливост, комфорт, квалитет, практичност, одржливост и вредност за пари.

K4 Sportswagon ја освои првата награда во конкуренција со VW ID.3 Neo и Cupra Born. Електричниот EV5 ја освои наградата во категоријата на компактен SUV , со ривали како што се Audi Q3 и Cupra Formentor VZ5.

А третиот златен волан отиде кај моделот EV2, новиот мал електричен SUV на KIA, кој ја освои наградата Најдобар Автомобил под 30.000 евра.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама