Авто салоните во светот, полека но сигурно ја менуваат својата физиономија, и од здодевни, поплочени и застаклени, празни простори во кои се позиционирани најпродаваните возила од брендот, се трансформираат во возбудливи и луксузни атракции.

Таков е примерот и со Шпанската CUPRA, која ова лето ја твори својата нова, 12та CUPRA City Garage во Манчестер, Англија.
Значаен момент за брендот ако се земе предвид дека Велика Британија е третиот по големина пазар за брендот, во која само во првиот квартал беа продадени 10.000 возила.

Новата CUPRA City Garage е на две нивоа, простор кој ги комбинира перформансите, дизајнот и животниот стил и кој станува место на кое преку повеќе евенти, CUPRA сака да направи автентично место а собирање за членовите на Британскота фан група.

Oд уметнички аспект, во “Гаражата” доминираат храбриот уметнички стил на Крис Принцик, кој веќе работеше на дизајнот и ентериерот на CUPRA центрите во Сиднеј, Мадрид и Виена.

И ова место во Манчестер, ќе ја анимира својата публика преку организирање на афтер-ворк активности, место каде фановите на брендот може да се најдат, дружат и дојдат на пијачка.

Да се потсетиме како изгледаше отворањето на “салонот” во Виена на следниот клик.














