KIA започнува производство на електрични возила во Европа

195

За прв пат во својата историја, Корејскиот производител на автомобили, KIA, започнува со производство на електрични автомобили во фабриката во Жилина, Словачка.

Честа да го овори новото поглавје во историјата на Kia му припадна на автомобилот – Kia EV4, комплетно електричниот хечбек, откако компанијата направи сериозни инвестиции за прилагодување на фабриката во Словачка.

Моделот е специјално наменет за европскиот пазар и ќе се произведува во Kia AutoLand Slovakia, во која веќе се произведуваат неколку хибридни, плаг ин хибридни и модели со мотори со внатрешно согорување, како што се Kia XCeed и Kia Sportage.

Фабриката во Жилина е отворена во 2004 година, се протегана површина од 2 квадратни километри, вработува околу 3.700 работници и располага со окоу 600 роботи.

Годишниот капацитет на фабриката знесува околу 350.000 возила и 540.000 мотори, а од отворањето до сега во оваа фабрика од која се извезува во 83 земји, главно во Европа, се произведени над 5 милиони автомобили.

Реклама