Cupra отвори лаунџ локал за своите фанови во Виена

268

Како дел од својата развојна маркетинг стратегија, CUPRA отвори ново, луксузно собиралиште за фановите на брендот во Виена, недалеку од легендарното кафуле Café Sacher, Државната Опера и Хофбуршката Палата во срцето на градот.

Ова е дефакто 11-то место од овој тип на Cupra кое го нои името City Garage (градска гаража) и кое во Австрија е во сопственост на Porsche Austria.

Oва место, кое е дизајнирано за да ја крева свесноста и поврзаноста на луѓето кон брендот во Виена се простира на 470 м2.

VIP Менаџерите на Cupra на отворањето на City Garage во Виена…

Овие места за дружење и поврзување, не се дизајнирани за да бидат салони (нема изложено возила), има само рачно цртани мурали со мотивите на Купра, и може да се погледнат аксесоарите наменети за возилата од овој Шпански бренд.

Во Виена, како и во другите Градски Гаражи на Купра, на ова место ќе се одржуваат настани, евенти, дружења и вмрежувања, а се замислени и како одлично афтерворк место, на кое по работа можете да дојдете на забава, ди-џеј сесија, пијачка и дружба.

Реклама