Промотивно возење на JEEP Avenger 4xe

247

Новите Jeep® Avenger 4xe автомобили се прошетаа по прекрасните патишта на Фиренца и стркалаа по ридските патеки на Тоскана, покажувајќи ја својата сестраност, во урбаните и off road средини.

Од почетокот на продажбата на овие нови B-SUV автомобили, веќе се продадени 160.000 примероци.

Новиот Jeep® Avenger 4xe нуди дополнителни 10мм растојание од патот (ground clearance), со што истиот се издигнува на 210 мм.

Oпремен е со интелигентен all-wheel-drive систем, што значи дека погонот на сите тркала се активира, секогаш кога за тоа има потреба.

Опремен е и со Selec-Terrain во кој самите го бирате модот на возење. На Auto, погонот на сите тркала се активира само кога има потреба за тоа, со модот Snow се зголемува тракцијата (прилепувањето на тлото) и стабилноста и се подобрува безбедноста при возење на патеки покриени со снег. Sand & Mud идеално се прилагодува на нерамни предели, а со модот Sport се испорачуваат максимални перформанси на возилото.

Нов хибриден мотор

Во срцето на Jeep® Avenger 4xe, лежи ефикасен хибриден мотор со робусен 1,2 литарски бензински мотор кој испорачува 136 коњски сили, засилен со дуални електро мотори со 21Kw поставени на предната и задна оска, со што вкупната моќност на автопмобилот се искачува на 145 коњски сили.

Максималната брзина на моделот е 194 km/h, a забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 9,5 секунди.

Во ентериерот, радио кластерот е голем 10.25”, а со истата димензија е и целосно дигиталниот инструмент кластер.

За дополнителна атрактивност се грижат 17 инчни црни алуминиумски тркала, со гуми Mud & Snow, и целосни LED рефлекторни предни светла.

Опремен е со Adaptive Cruise Control, одличен за долги и мирни патувања по автопат, како и со Hill Descent Control за полесно и побезбедно спуштање по надолнини.

За оние кои се движат во урбани средини на помош доаѓа 180° задна камера која го прави паркирањето и одењето во рикверц полесно и попрегледно.

Напредниот инфотејнмент систем нуди Конектирана навигација, со апдејти во живо за временските услови, сообраќајните случувања, предупредувања…

Вметнат е и AI асистентот преку “ChatGPT”, кој ги олеснува возењата и навигацијата.

Реклама