Lancia и Cassina заедно на неделата на модата во Милано

237

Двата Италијански премиум брендови, Lancia и Cassina, повторно се здружија и заеднички ќе настапат на модната недела во Милано од 07ми до 13ти Април, оваа година.

Cassina е познат италијански моден бренд одговорен за ентериерно уредување, кој им помогна на дизајнерите во Lancia да го направат моделот New Lancia Ypsilon Edizione Cassina.

За време на модната недела, Lancia му обезбеди на Cassina три модели New Ypsilon Edizione Cassina, кои ќе бидат ексклузивен превозник на луѓето од Cassina, како и автомобили со кои VIP гостите ќе може да се превезуваат од  Cassina Store Milano и Teatro Lirico Giorgio Gaber, во кој ќе се одржи ексклузивен евент и инсталација.

Премиум дизајнот во ентериерот на Lancia Ypsilon Edizione Cassina, кој е дело на Cassina, навистина ве прави да се чувствувате како дома во еден топол и рафиниран амбиент, со материјали од врвен квалитет и максимално внимание на секој детал.

Lancia Ypsilon Edizione Cassina, не е првиот обид за соработка помеѓу двете компании. Cassina, де факто е одговорна за голем дел од мебелот и ентериерните елементи на новите брендирани Lancia салони во Италија.

Реклама