Во Москва, дадено зелено светло за е-скутери

225

Употребата на електричните скутери, во многу метрополи во светот се смета за контроверзно и опасно по безбедноста во сообраќајот, а Москва реши да оди во спротивна насока.

Донесена е одлука на територијата на градот Москва, да се дозволи употреба на електричните скутери кои се сметаат за безбедно превозно средство, но дозволата е ограничена на 300 скутери, кои ќе бидат под цврста контрола на властите.

Секој од скутерите ќе има во себе вграден контролен модул, како и сообраќајни таблички интегрирани во структурата. Табличките ќе помогнат евентуално да се снимат и казнуваат оние кои би направиле евентуални прекршоци.

Реклама