Новиот концепт на Рено, стана песочно “баги”

135

Фотографиите од ова модерно, отворено песочно баги, ако сте љубител на плажата и сурфањето, сигурно ќе ве остави без здив.

За жал, и да сакате, не можете да го купите, бидејќи сеупте е само концепт.

И овој концепт е базиран на електричниот R4 E-Tech, и го носи името R4 JP4x4.

Има две предни до половина отворени врати, кои се веројатно и најатрактивниот дел од овој дизајн, има отворен покрив од кој циркулира воздухот, редизајнирана кабина со две седишта и коректен простор за складирање багаж.

На кровот е поставена решетка во форма на латиничната буква “X” под кој може да се смести даска за сурфање.

JP4x4 го движат дуални мотори за моделот со погон на сите тркала.

Во Рено велат дека овој концепт ќе биде направен само во еден примерок и нема да оди во сериско производство. Сега ќе биде изложен само на тенискиот турнир – Roland-Garros French Open

Погледнете го и видеото :

Реклама