Откако Xiaomi реши да ја намали цената на новиот супер автомобил Xiaomi SU7 Ultra, за 35%, за само петнаесетина минути успеа да ја распродаде целата планирана годишна продажба на овој модел!
За експресно време, во првите 10 минути се примени порачки за 6.900 автомобили, а многу бргу бројката се искачи на 10.000.
Овој модел е вистински ѕвер, има моќност од 1.527 кс и 1.770 Nm, а до 100 km/h забрзува за 1,9 секунди. Со максимална брзина од 350 km/h.

Првично, Xiaomi планираше да го продава овој автомобил по цена од 105.000 евра, но по неколку месеци анализа менаџментот донесе одлука да го позиционира автомобилот на цена од 68.300 евра, што беше, очигледно протолкувано од јавноста како вистински продажен хит.







