Бугарија е завиена во црно по катастрофалната сообраќајна незгода во која животот го загубија најмалку 12 лица.
Според официјалните податоци причина за верижниот судир во кој учествувале најмалку 50 возила, патнички возила и камиони, била намалената прегледност предизвикана од густа магла.
Последиците од сообраќајната незгода се огромни, а некои од возилата, според првичните слики и сведоштва на учесниците и очевидците, биле комплетно смачкани, запалени и превртени од автопатот.
Властите и противпожарните екипи стравуваат дека бројката на загинати може дополнително да расте.
Погледнете ги пеколните последици од карамболот во областа Јамбол.













