Mazda 2, згаснува!

111

Јапонскиот производител на автомобили Мазда, објави дека дефинитивно го згаснува својот најмал автомобил, Мазда 2.

На негово место, како што велат во компанијата ќе дојде сосема поинаков, нов модел.

Со тоа, Мазда дефинитивно излегува од сегментот на мали, градски хечбеци, а на негово место се очекува да дојде новата генерација на CX-3.

Со тоа, очигледно, Јапонците сакаат да се вкрстат во исклучително конкурентниот сегмент на мали SUV автомобили.

Се очекува новата CX-3 да почне да е произведува следната, 2027 година во фабриката во Тајланд од каде ќе биде дистрибуирана на светските пазари.

Се очекува новаа Мазда да биде опремена со благи хибридни мотори.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама