Fiat Grande Panda, со погон на сите тркала

196

Во моментов се работи само за концепт, но овој модел кој го покажа на јавноста Stellantis – Grande Panda 4×4 concept, сигурно ќе се најде на пазарот, побрзо од очекувањата, бидејќи навистина изгледа добро.

Новата верзија на Grande Panda 4×4, се идентификува како наследник на моделот од 1983 година, кој одлично помина во јавноста, спојувајќи ги малите димензии на градски автомобил со скромните ,но практични off road својства.

Новата Panda 4×4 ибеше претставена на јавноста за време на тест возењето организиран за медиумите на Grande Panda Hybrid.

Од техничка гледна точка кај Grande Panda 4×4 concept, функционира поставената задна електрифицирана, иновативна оска, што дефакто ќе му овозможи на автомобилот да испорача балансирани перфрманси на патот и надвор од него.

Реклама