Францускиот производител на автомобили Renault, официјално се врати во Сегментот А, со своите нови електрични мини автомобили.
Во најмалиот сегмент на урбани автомобили во кој моментно се продаваат само околу 5% од вкупната бројка на автомобили во светски рамки Рено го прави својот камбек со најавува со малиот, симпатичен Twingo E-Tech electric.

Oвој легендарен, симпатичен мал автомобил, за прв пат беше лансиран, пред 35 години, во 1992 година и се продаде во импресивни 4,1 милиони примероци.
Во меѓувреме, се случија многу промени под автомобилското небо. Главно поради новите безбедносни и технолошки стандарди, цените на автомобилите од А и Б сегментот се зближија, па продажбата на малите компактни градски автомобили, сериозно опадна.

Па сепак, како што изјавуваат во Renault, падот на интересот за автомобилите од А сегментот во кој пливаат и моделите – Тoyota Aygo, Fiat 500, Volkswagen Up… не се должи на падот на интересот на потенцијалните клиенти за втор мал автомобил што ќе се управува во урбаниот метеж.

Напротив, со новиот Twingo E-Tech electric, компанијата гледа огромен потенцијал за раст и развој, растегнувајќи го сегментот со нови мини автомобили на струја кои ќе им испорачаат на клиентите максимална вредност за вложените пари.
Новиот Twingo E-Tech electric, го задржува својот лесно препознатлив дизајн, своите модуларни форми и овојпат ќе биде опремен исклучиво со пет врати кои грантираат полесен влез и излез во автомобилот.

Twingo E-Tech electric е направен за да биде бесшумен, како и целосно “зелен”, oдносно пријателски настроен кон воздухот и животната средина.
За поголема практичност, задните седишта целосно и лесно е преклопуваат и создаваат убав простор за товарање и носење на багаж.

Како прв во својот сегмент, опремен е со OpenR Link мултимедиумски систем со вграден Google.

LFP батеријата со ранг до 263 километри е идеално искомбинирана со електричен мотор со моќност од 60 kW.

Моделот е исклучително лесен за возење и маневрирање, поставен на малата платформа RGEV (исто како и Renault 5 и Renault 4 E-Tech electric).
Има мала маса, од 1.200 килограми и прецизно управување, што го прави одличен за градскиот метеж, но и за возење на подллги релации и на автопат.

Во креирањето, за експертите од Рено особено значајна била и цената, а истата, во базната верзија на Twingo се димензионира под магичната бариера од 20.000 евра.

Овој симпатичен мал автомобил, веќе се произведува во Ново Место, Словенија.
Повеќе содржини :














