Во изминатата деценија, Порше, сите свои жетони ги стави на проектот – масовна електрификација на своите автомобили.
Последните резултати и плановите за целосна трансформација на компанијата, покажаа дека облогот на Порше, на кој се базираше целата производна стратегија бил целосно промашен.
Затоа, раководството реши да направи чекор назад, да ги утврди своите грешки и да им го испорача на своие клиенти, она што навистина го сакаат, a oна што е најочигледно дека го сакаат, тоа се – ICE (моторите со внатрешно согорување).

Редизајниран Кајен со мотор со внатрешно согорување
Како резултат на оваа стратешка промена на правецот, директорот на SUV модели во Порше, Ралф Келер, во неодамнешно интервју изјави дека до 2029 година ќе биде лансиран редизајниран модел на Порше Кајен, кој ќе биде опремен со мотори со внатрешно согорување. Тој додаде и дека моторите со внатрешно согорување и хибридите ќе бидат достапни и длабоко во следната декада.
Тој дополни и дека следните модели на Порше, ќе бидат развивани во тесна врска со оние на Audi, па можеме да очекуваме и дека новиот Кајен ќе има мнгу заеднички елементи со редизајнираниот Q7.
Редизајнираниот Кајен се очекува да се појави во 2028 година, а се очекува истиот да има многу заеднички елементи, особено во поглед на дизајнот, со актуелниот електичен Кајен.















