Aналитичарите предвидуваат “БУМ” за Tesla

237

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla, се соочи со неколку тешки години, особено откако основачот Елон Маск, се здружи со Американскиот претседател Трамп.

Во тој период, компанијата полека губеше здив и сериозни пазарни уддели, на речиси сите пазари во светот.

Но сега, повеќе аналитичари и консултантски фирми се согласни дека во следните неколку години, пред се’ до 2030 година, започнува периодот на интензивен развој на Tesla, кој треба да резултира со максимални 3 милиони испорачани возила во светот.

На оваа прогноза, ако се земе предвид вкупната бројка на продадени возила со која заврши брендот во 2025 година (1,636,129) многумина одговорија со неверување и чудење.

И оваа година започна со споро темпо. Првиот квартал се очекува да заврши со околу 400.000 испораки, од каде произлезе прогнозата дека до крајот на годината ќе бидат произедени околу 1,689,691 возила (скромен пораст од 3,3%).

Од каде тогаш оптимизмот дека продажбата речиси ќе се удвои до 2030 година?

Очекувањата се дека компанијата ќе отвори повеќе фабрики и ќе лансира подостапни за јавноста модели.

Повторно треба да доминираат моделите Tesla Model 3 и Tesla Model Y, но се предвидува и појава на нови модели кои ќе ја загреат повторно побарувачката за овие автомобили.

Тешко е да се верува дека Cybertruck кој се покажа како целосно промашување, ќе стане сериозен фактор во оваа продажна експанзија на Tesla, што значи дека или моделот ќе доживее комплетна трансформација или во палетата на Tesla ќе влетаат нови атрактивни модели.

Се разбира, останува да видиме дали овие предвидувања се базирани на реални параметри, или се пуста желба или PR на Маск.

Реклама