Aдреналински, ултра лесен, оф роадер на Ariel.

254

Британската компанија Ariel, со богата традиција која се протега од далечната 1871 година, кога го произведоа првиот велосипед на две тркала, во 2024 година ја лансираше својата втора генерација на адреналинскиот модел Nomad.

Во Nomad 2 речиси сите елементи и компоненти се сосема нови.

Тој доаѓа како втора генерација на неговиот претходник Nomad, кој пак беше лансиран во 2015 година како супер лесно теренско возило со моќен 2.4 литарски мотор – Honda K24 iVTEC со 235 бруто коњски сили и вртежен момент од 300Nm.

Огромна сила која беше главно наменета да движи надвор од патот (off road).

Фото – Nomad 1

Новиот Nomad е возило со отворена структура, креирана околу челична рамка со бронзено заварување, превземена од пионерскиот модел на Ariel од овој тип – Аtom.

Nomad 2, е поголем од својот претходник. Има подолго меѓуосовинско растојание за 48 мм, а и сите останати димензии се зголемени.

Кај него можете да изберете многу елементи од оф-роад опремата, како што се витло на предниот дел, шасиска заштита, ласерски LED светла…

Како резултат на подебелата конструкција, шасијата е поригидна, а кај овој “автомобил” од светот на MadMax, можете да изберете и прилагодлива контрола на тракцијата и ABS систем за сопирање.

Моторот е  бензински, 2.3 литарски турбо мотор, кој е познат по неговата примена во Mk3 Ford Focus RS и кој може да испорачува моќност од 260 до 305 бруто коњски сили.

Неговиот резервоар за гориво порасна во капацитетот од 50 на 70 литри.

Моторот е спарен со шестстепен менувач и Quaife ATB диференцијал.

Бидејќи возилото е во полн кафез, не е баш лесно да влезете во Nomad, но кога ќе влезете и ќе се сместите, ентериерот нуди доволно простор за едно спортско возило од овој тип. Практично, за предните нозе имате простор од 1.040 мм.

Кога ќе го стартувате моторот, добивате вистинска експлозија, а од 0 до 100 km/h можете да развиете брзина за 3,8 секунди.

За Nomad 2 навистина важи правилото дека секоја подлога совршено му одговара. Без оглед на тоа дали се движи на пат полн со свијоци, патека со камчиња, WRC рели стаза или зелена долина, пустина или обично поле покриено со трева, Nomad 2 се тркала самоуверено, прецизно и снаодливо.

Тркалата може да бидат 16 инчни, спарени со All Terrain гуми, или 18 инчни тркала со гуми за легална употреба во секојдневниот сообраќај, или на тркачка стаза.

Во Ariel потенцираат дека секој Nomad е различна приказна.

На секој примерок работи посебен техничар кој може возилото идеално да го прилагоди на секоја желба, потреба и афинитет на идниот сопственик. При конструирањето можете да изберете различно витло, светла, подвозје, тркала, гуми, барови…

Овој адреналински AWD можете да го набавите по цена од 68.000 фунти, цена која со повеќе елементи на опремата може да се искачи до 90.000 фунти.

Ако сакате вакво возило, а цената ви е превисока, на располагање го имате £38,000 Polaris RZR Pro R кој чини нешто повеќе од половина од цената на Nomad 2, но тој не може да се регистрира и легално вози на автопат.

Реклама