Со продадени 49,748 примероци во првиот квартал од 2026 година, овој компактен SUV доминира на врвот на Европа!
Се работи за Nissan Qashqai, кој покрај првото место во својот сегмент, успеа да го освои и високото 4-то место, во листата на најпродавани модели, од сите категории и марки.

За оние што ја следат автоиндустријата, ова не е изненадување.
Од 2007 година кога се појави, но истовремено и го создаде сегментот на компактни SUV возила, Qashqai постојано расте, еволуира и се прилагодува на потребите на клиентите.

Во моментов, тој е достапен како хибрид, но и во својата е-POWER технологија (форма на благ хибрид) , која ви го дава чувството како да возите на струја, а притоа немате потреба од дополнување бидејќи со еден резервоар можете да поминете до 1.250 километри.

Дизајнот, флексибилноста, економичноста… се само дел од предностите поради кои Nissan Qashqai доминира на врвот во Европа!







