“Кинезите” галопираат, возат, сега и пливаат!

69

Кинескиот бренд Jetour, кој произлезе од гигантот Chery, со својот модел G700 му покажа на светот дека иновативноста и прогресот на кинеската автоиндустрија не познаваат граници.

Големиот SUV, G700 кој симболично беше наречен Ark Edition, по библиската приказна за Арката на Ное, на неодамнешната презентација на езерото Јанки, северно од Пекинг, го замени тврдото тло под гумите и се покажа и како одличен пливач.

Овој амфибиски модел, погонуван од 2.0 литарски, хибриден мотор, во моментот кога ќе влезе во вода го запира циркулирањето на енергија до тркалата и истата ја праќа до специјално креирани пропелери со кои возилото се движи, односно плива по вода.

Моделот има и систем за жироскопска стабилност, со кој се гарантира дека автомобилот ќе остане на површината на водата и нема да потоне.

Овој систем и ова својство на Jetour, не е направено за секојдневна употреба, туку само за ситуации на итност.

А оние кои ќе кажат – Чуму сето ова?

Веројатно ќе го променат своето мислење во првата сериозна поплава, тсунами или потреба за итно преминување на река или езеро на место на кое нема мостови.

Погледнете како изгледа ова возбудливо возење :

Реклама