Што се купува и вози во Грција?

40

Статистичките податоци по завршување на првиот квартал од оваа, 2026 година, откриваат дека нашите јужни соседи, најмногу преферираат SUV автомобили.

Во периодот од Јануари до Март, биле продадени 23.962 SUV возила, што претставува 68% од вкупниот пазар во Грција, или во превод, на секои десет ново продадени возила, седум биле од категоријата на Спортски Корисни Возила (Sport Utility Vehicles).

Со 1.692 продадени примероци, на врвот од листата е Citroen C3 (кој официјално се води како SUV) со 7,06% во овој сериозно конкурентен сегмент.

Следува Toyota Yaris Cross – 1.687 примероци, по што листата на топ три модели ја комплетира Peugeot 2008 со бројка од 1.421 продадени возила.

Интересно е исклучително високото четврто место за Suzuki Vitara и петтиот Nissan Juke.

Од листата, очигледно е дека Грците преферираат Европски и Јапонски автомобили, а сe’ поагресивните Кинески модели веќе се во топ 10, застапени преку Cherry Tiggo 4 и МG ZS Max

Cherry Tiggo 4

Eве како изгледа топ 10 листата на најпрдавани SUV автомобили во Грција :

1. Citroen/DS C3 – 1,692, 7.06%
2. Toyota Yaris Cross – 1,687, 7.04%
3. Peugeot 2008 – 1,421, 5.93%
4. Suzuki Vitara – 1,228, 5.12%
5. Nissan Juke – 979, 4.09%
6. Toyota C-HR- 953, 3.98%
7. Dacia Sandero – 941, 3.93%
8. Chery Tiggo 4 – 697, 2.91%
9. Audi Q3 – 637, 2.66%
10. MG ZS Max – 577, 2.41%

Реклама