Кинескиот производител на автомобили, Leapmotor кој работи под капата на Stellantis Групацијата, објави дека планира да започне да произведува најмалку два електрични модели во Европа.
Оваа информација со јавноста ја сподели Антонио Филоса, директорот на Stellantis.
Се шпекулира дека автомобилите ќе бидат произведувани во фабриката во Сарагоса, во која моментно се произведуваат автомобилите Peugeot 208, Opel Corsa, Lancia Ypsilon.
Toкму во оваа фабрика е предвидено да бидат инвестирани огромни 4,1 милијарда евра.














