Purple Disco Machine, направи песна за VW

183

Ултра популарниот ди џеј и продуцент од Дрезден, Тино Пионтек, познат под сценското име Purple Disco Machine, заедно со пејачот Џејк Ширс, направи песна под името “Fire + Ice”.

Песната е инспирирана од најновата лимитирана серија од само 1990 автомобили од електричниот ID.3 GTX FIRE+ICE, кој пак својата инспирација ја собра од традицијата на Volkswagen, поточно од легендарниот Golf 2 Fire & Ice (1990).

Електричниот модел на Volkswagen – ID.3 GTX FIRE+ICE, кој ќе биде изработен во крајно лимитирана серија, со специјална виолетова боја со перла ефекти, e направен во соработка со брендот на ексклузивна спортска облека – BOGNER, со седиште во Минхен.

Песната и спотот за кратко време имаат огромна популарност и прегледи на музичките видео платформи.

Погледнете го спотот и уживајте во звуците на Purple Disco Machine, и одличното видео со многу каскадерски зафати.

Реклама