Oвој специјален модел, со оff-road гуми и специјално подесена шасија, со името VAZ-1922 Marsh се произведе во околу 1.000 примероци.

Еден од нив, на специјализираната веб страна Mobile.de се продава како користен автомобил по цена од 19,999 евра.
Покрај гумите, специјално се прилагодени и предните крила, заштитни барови напред и назад, со специјално прилагодена шасија и суспензија.

Покрај агресивниот изглед, моторот е далеку од агресивен. Опремен е со 1,7 литарски, четири цилиндерски мотор со 80 коњски сили.













