Toyota прикажа интересни снежни концепти

10

Јапонскиот производител на автомобили Toyota, во САД прикажа посебна серија на концепти под името Snowhunter.

Истите се развиени на актуелните модели – Tundra, Tacoma, 4Runner, Land Cruiser, и Sequoia.

Модификациите не се само вадење на тркалата со гасеници за снег, туку има и бројни додатоци кои ги прават возилата соодветни за движење на непроодни патеки покриени со снег и мраз.

За жал на авантуристите овие модели не одат во сериско производство, туку се водат само како концепти.

Но нема дилеми дека дел од сопствениците на Тојота возила, може да искористат некоја од овие идеи за модификација на возилата за нивно користење и во зима.

Покрај гасениците, моделите имаат и други аксесоари, од типот на кровни шини, каргобокс, преден чистач на снег и сл.

Во секој случај, моделите изгледаат навистина атрактивно.

Погледнете ја последната епизода од Темпо Магазин :

Реклама