Иако новите возила имаат се повеќе системи за активна и пасивна безбедност, кои се наменети да ја зголемат безбедноста во сообраќајот, една студија докажала дека големината на возилата директно влијае на бројот на смртни последици по пешаците во случај на сообраќајна незгода.
Според посочената студија, секоја година од 200 до 400 пешаци го губат својот живот во сообраќајни незгоди, а главна причина за смртноста е големината на возилото кое учествувало во несреќата.

Студијата констатира и дека неколку стотици луѓе би останале живи доколу возилата ги имале сите димензии како во претходната година (димензии и тежина).
Според нив, проблем не е само поголемата маса на возилата, туку и нивната геометрија во предниот дел.
Практично, колку е повисоко поставена хаубата на возилото толку е повисока и точката на првиот удар на возилото со пешакот. Со тоа, поголема е можноста ударот да дојд фронтално, а пешакот да остане во горната зона или дури да падне под тркалата, додека кај останатите возила при директен судар, најголема е веројатноста дека пешакот ќе заврши на предната хауба.

Дополнително, колку е поголемо возилото, толку е поголема можноста за појава на “слепи” точки, па при маневар во урбаните средни, возачите честопати не ги забележуваат пешаците или велосипедистите околку нив до моментот кога веќе е предоцна за било каков маневар на избегнување.
Треба да се напомене и тоа дека студијата е правена за Американскиот пазар, каде возилата обично се поголеми, повисоки и потешки од оние на другите континенти.













