Најсилната Corsa досега – Opel Corsa GSE

84

Германскиот бренд Opel ја претстави својата најсила досега Opel Corsa GSE, која е целосно електрична, има моќност од 281 коњски сили и од 0 до 100 km/h забрзува за 5,5 секунди.

Ова воедно ќе биде и најсилниот сериски модел на Corsa воопшто, кој за прв пат официјално ќе се појави на Саемот за автомобили во Париз.

Новата електрична Corsa GSE ќе се издвојува од останатите автомобили на патот и по 18 инчните алуминиумски тркала, новите GSE браници, спортски седишта, жолти појаси за врзување.

Со овој модел, Opel сака да ја одржи традицијата на специјалните спортски едиции на Corsa – GSi и OPC

Реклама