Вака се помага домашната индустрија! Трамп порачал 250 Кадилаци!

34

За време на неодамнешната посета на фабриката на General Motors во Мичиген, американскиот Претседател, Доналд Трамп, изјавил дека за потребите на неговите агенти и обезбедувања, веќе порачал 250 автомобили од моделот Cadillac Escalade.

И овие автомобили не се обични, од серискот производство, туку имаат и сериозна блиндираност, непробојни стакла, зајакната шасија…

Во негов стил, тој изјавил – ” Мислам дека порачавме 250 Escalade. Изгледаме многу стилски во нив. Нашите луѓе се многу размазени. Тие го сакаат Escalade. Го сакам и јас” – завршил Трамп.

Со тоа Трамп, како уште еднаш да сакаше да им каже на своите граѓани дека ќе прави што сака, а од друга страна, не смее да се занемари и фактот дека нарачка од овој тип, добро ќе го освежи Американскиот титан General Motors и домашната економија, секако.

Реклама