Иако официјалните претставници на Форд, на чело со генералниот директор Џим Фарли, постојано беа меѓу најревносните производители на возила, лобирајќи и поддржувајќи ја забраната за увоз на Кинески возила во САД, нивната политика во последните неколку месеци беше препознаена и јавно критикувана од Администрацијата на Трамп.
Конкретно, Секретарот за Транспорт Шон П. Дафи, неодамна му прати писмо на Џим Фарли, нагласувајќи ја својата загриженост околу стратешката траекторија на Форд.

Во писмото, Дафи, потенцира дека Форд сериозно ја преплетува својата иднина со Кинеските компании и капитал.
Во обраќањето, особено се потенцира новиот договор на Форд со CATL, најголемиот Кинески производител на батерии, од кого се користат технолошките решенија за чување на енергија.
Во писмото се критикува и неодамна потпишаниот договор на Форд со Geely, во кој Американската икона се согласува да отстапи дел од своите капацитети за производство на Кинеските автомобили во фабриката во Валенсија, што според Дафи, претставува отстапување на тлото на конкурентите со што ќе се загуби и дел од западните пазари.

Последно споменато е и потпишаното Писмо за намери со BYD во кое Форд најавува сорсаботка и користење на дел од системите и компонентите на BYD за производство на хибридните мотори.
Сите овие чекори доаѓаат во време, кога САД целосно го банираа увозот на Кинески автомобили со драконската царина од 100%, како и со целосно банирање на возилата со Кинески хардвер и софтвер кои државната администрација ги препознава како опасност по домашната безбедност.
На писмото, Форд одговори експресно, сметајќи дека писмото на Дафи е само обид да се поентира и добијат поени на домапните вести и домашен терен, и дека компанијата која има направено најмногу за развој на домашното производство, не смее да биде дел на никакви критики од овој тип.














