Американскиот производител на автомобили FORD, последните години комплетно го заборави, или свесно го остави да тлее европскиот автомобилски пазар.
На нашиот континент, во патничката програма, остана само со моделите Puma и Kuga, истовремено гаснејќи ги легендарните модели – Mondeo, Focus, Fiesta.
Но според последните најави, луѓето во FORD планираат враќање на европскиот континент и тоа преку прилагоден на нашите стандарди и правила Bronco, и нова електрична Fiesta со која би се парирало на Кинеските производители кои го преплавија пазарот, главно со своите помали, градски автомобили на струја.
Во компанијата најавија дека до 2029 година, планираат да лансираат пет нови модели.

Еден од нив е коцкестиот Европски Bronco, кој ќе се произведува во фабриката во Валенсија од 2028 година, а пред него ќе биде лансирано ново, мало, електрично урбно возило, кое најверојатно ќе го оживее името на Fiesta.
Eлектричните автомобили ќе бидат работени во соработка со Renault, изведени на AmpR Small платформата на Renault 5, а подоцна веројатно ќе се креира и кросовер автомобил, кој треба да го носи генетичкиот материјал на Renault 4, a ќе ја замени денешната Puma Gen-e.
До 2029 година ќе бидат креирани уште два кросовери од кои едниот ќе ја замени бензинската Puma, а другиот, поголемата Kuga.
Oстнува да видиме дали Џим Фарли, ќе ја избутка оваа стратегија до крај и на голема врата ќе се врати во Европа, што повторно може да го зголеми значењето на FORD во светски рамки.













