На Европскиот континент, Американскиот производител FORD ги избриша сите легендарни патнички модели со кои правеше огромни продажни воилумени, како Fiesta, Focus, Mondeo… и во својата понуда за широките народни маси ги задржа само компактните SUV модели – Puma и Kuga.

И во моментот кога се веќе најавени повеќе нови модели и автомобили во гамата на FORD за Европа, малата Puma oствари одличен јубилеј.
Од фабриката на Ford Otosan во Крајова, Романија, се стркала 1 милионитиот примерок на Puma.

Jубилејниот примерок беше електрична Puma Gen-E во Electric Yellow (електрично жолта) боја, а зад воланот, во него ќе ужива Британката Карен Нортон, која била поканета на свеченото предавање во Крајова.
Во семејството Нортон, ова е веќе 28-иот примерок на Форд.

Погледнете ја S03E01 на Темпо Магазин :













