Според последните информации, Mercedes-Benz на 9ти Септември, оваа година, поднел патент во кој се опишува систем кој треба да му овозможи на возилото да лебди во вода.
И не само да лебди, туку и да може контролирано да се движи минувајќи површини покриени со вода.
За да може своите возила да ги претвори во амфибиски возила (возила што се движат на суво и во вода), Мерцедес предвидува посебни системи кои треба да бидат вградени во полумесецот на возилото, и истите би биле изработени од пена или од надувувачки материјал, полн со воздух.
Во патентот, уште се наведува и дека возилото ќе може да се движи и менува насока на движење, со помош на независно движење на секое тркало.
Имајќи предвид дека електричните возила ја даваат таа можност секое тркало да се движи независно, се чини дека Мерцедес, овој систем веројатно го подготвува токму за своите електрични или хибридни возила.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













