Mате Римац го одржа ветувањето. Прв воведува роботакси во Европа

1675

Балканскиот Елон Маск, популарното момче од Хрватска, Мате Римац, кој го тресе светот со своите иновации, има сериозно учество во најновиот визионерски проект на домашно тло, во Загреб.

По неговиот електричен хиперавтомобил Nevera со кој стекна светска слава, иновативнот центар (кампус) за развој на електричната технологија, која своите технологии им ги продава на сите позначајни европски производители на возила и превземањето на Bugati, Римац повторно го постави Загреб во центарот на вниманието на Европската Унија.

На Загребските улици е лансирано првото роботакси, преку старт ап компанијата Верне, во која учество има и Римац.

И додека за своите хиперавтомобили Римац наплаќа околу два милиони долари, за едно возење со роботизираното такси Верне компанијата ќе наплаќа помалку од 2 евра!

Оваа цена ќе биде наплаќана за едно возење во целата зона на градот Загреб, плус трасата до аеродромот, која покрива околу 91 квадратни километри.

Во моментов флотата на Верне е составена од 10 SUV-a од моделот – Arcfox Alpha T5 oд Кинескиот производител BAIC, додека за технологијата на автономно возење се грижи Pony.ai, повторно од Кина.

Возењата во старт ќе може да се порачуваат преку сопствената онлајн платформа на Верне, а подоцна се планира нејзино интегрирање со системот на Убер.

На почетокот, со секој патник ќе се вози и искусен оператор, кој ќе ја надгледува работата на возилата и ќе ги задоволи барањата на законските власти в оваа пилот фаза. Подоцна, Верне очекува целата операција да се врши автономно, без човечко мешање и присуство.

Се разбира, ова е само старт на проектот.

Според компанијата, веќе се водат сериозни разговори за имплементација на проектот во уште 11 европски градови во Европа, Велика Британија и на Блискиот Исток.

Дополнително, воследните развојни фази се планира замен на адаптираниот Кински SUV со сопствени возила со две седишта кои ртходно беа објавени во кратка фотогалерија.

Реклама