BMW не се откажува од хидрогенскиот мотор! Наскоро Hydrogen X5!

741

BMW ја задоволи јавноста и го покажа својот хидрогенски модел X5, како ги проаѓа компаниските тестирања, без никаква камуфлажа на себе.

Моделот изгледа идентично како и неговите варијанти со електричен и со мотор со внатрешно согорување.

Според последните информации дополнувањето на хидрогенскиот модел ќе може да се заврши за околу 5 минути, што е пoбрзо од полнењето на целосно електричните варијанти.

Хидрогенскиот модел цели на автономија од околу 750 километри, со забрзување од 0 до 100 Km/h за помалку од 5 секунди, што е практично исто како и електричниот модел.

BMW долго време го форсира хидрогенскиот мотор, и покрај неговите бројни недостатоци, меѓу кои можеме да потенцираме само неколку :

  • Инфраструктурата за полнење е еден од најголемите предизвици. Таа е сеуште полоша од онаа за електричните возила.
  • Кај возилата на хидроген, не можете возилото да го полните дома, на домашен полнач.
  • Во целиот процес на создавање и транспорт на хидрогенот, се троши огромна количина на енергија.
  • Горивото е сериозно поскапо од електрилната енергија.
  • Изработката на комплексните горивни ќелии и карбон фиберски резервоари во кои се компресира горивото се мноу скапи, па поскапи се и хидрогенските возила од останатите.

Јасно е дека веројатно оваа варијанта на X5 нема сериозно да учествува во продажните бројки на моделот, но сепак, BMW останува фокусиран на оваа технологија и продолжува да инвестира во неа, како евентуална алтернатива на електричните мотори и возила.

Погледнете ја и последната емисија од Темпо Магазин :

Реклама