Koлку чинат автомобилите во Кина?

685

На Саемот за автомобили во Пекинг, најголем во својата историја, видовме многу нешта.

Видовме 180 премиери на нови возила, видовме вкупно 1.400 изложени возила, ги видовме европските производители кои во соработката со локалните Кинески гиганти креираат специјални автомобили наменети за Кинескиот пазар, а уште еднаш видовме и колку е гооема разликата во цени на автомобилите таму, со оние на нашиот континент.

На Саемот, уште еднаш можевме да го видиме малиот електричен автомобил со комплицирано име – Wulling Hongguang Mini EV, кој чини само 5.500 евра, симпатичен градски мини автомобил со домет од 204 километри и макцимална брзина од 100 km/h. Во 2026 година овој Mini EV добива и за нијанса поголема верзија со четири врати и повеќе простор на задната клупа, со цена од, повторно спектакуларни 6.800 евра.

Присутен беше и BYD The Seagull, со домет од одлични за класата 505 километри и цена од 8.650 евра, со многу за класата опрема, меѓу кои и опционална lidar опрема за автономно возење.

А овој круг на ефтини мали автомобили го затвараме и со Geely EX2, познат во Кина под името “Star Wish” кој чини малку над 8.000 евра.

Овој симпатичен мал, електричен хечбек, има и многу опрема, меѓу која можеме да го издвоиме и екранот чувствителен на допир со големина од 14.6 инчи, и домет од одлични 4120 километри.

Реклама