Автомобилските брендови и нивните маркетинг компании, се трудат на своите клиенти да им ја наметнат филозофијата, дека автомобилот не е само превозно средство… туку е пасија, статус, стил…
Со оваа идеја во фокусот, неодамна Мерцедес лансираше нов женски парфем, под името “I am Mercedes.”

Парфемот е изработен од страна на врвниот парфемист Sophie Labbé, а има цветни ноти и арома на цветовите од портокал.
Во кампањата, секако ќе се користи и автомобил со трокраката ѕвезда, и тоа Mercedes-Benz 280 SL Pagoda Cabriolet од 1968 година.
Цените на овој женски парфем не се застрашувачки и се движат :
- Шишенце од 30 ml : €69
- Шишенце од 50 ml : €99
- Шишенце од 100 ml : €129
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













