За нештата да бидат појасни… Шел ја дуплираше заработката

126

Додека граѓаните чекаат редици да наполнат гориво на бензинските пумпи, компаниите ги креваат цените поради растечките трошоци, инфлацијата расте… Шел ги објави своите финансиски резултати за првиот квартал, во кои заработката на компанијата е ни повеќе ни помалку – дуплирана!

Нафтената компанија Шел прикажа заработка од 6,9 милијарди долари за првиот квартал, што е двојно повеќе од последниот квартал од минатата година кога беа заработени 3,3 милијарди долари!

Возачите и активистите веднаш откако се соземаа од првиот шок кој го донесе оваа информација, побрзаа да го изразат својот револт на социјалните мрежи, на кои, многумина од нив ја нарекоа Шел, военопрофитерска компанија. Компанија која профитира од нелегалната војна што Трамп ја започна против Иран, која прави милијарди додека луѓе умираат, целиот регион е дестабилизиран а сметките за енергија скокнаа во небо…

Реклама