Неодамна, се заврши најавената трансакција и Порше целосно ги продаде своите 21% од сопственоста во Rimac Group, и 45% од сопствеништвото во Bugati Rimac на конзорциумот на инвеститори од Њујорк, меѓу кои се истакнуваат HOF Capital, BlueFive Capital и други инвеститори.
А оваа трансакција, веројатно добро ќе му дојде на Хрватскиот претприемач и инвентор Мате Римац, кој преку оваа зделка и официјално ќе стане Претседател на Bugati Rimac, а со тоа веројатно ќе може и многу полесно и поедноставно да ги влече идните стратешки и оперативни потези во компанијата.

Во изминатие 18 месеци токму Мате Римац, се обидуваше да оствари поголема моќ и контрола врз компанијата, и често се жалеше дека како резултат на тромоста на системот не може да влече брзи, претприемнички потези во Bugati Rimac, неопходни за развој на брендот.
На позицијата главен оперативен директор (COO) застанува Марко Бркљачич, кој досега беше COO во Rimac Technology и кој очигледно е избор на Мате Римац.
Порше, од зделката кешираше околу 1 милијарда евра, од кои 250 милиони ќе одат во зајакнување на пензискиот фонд на вработените.













