Зделката завршена! Порше го продаде Бугати Римац!

1910

Kaко што најавивме уште во Април, оваа година Порше, ја комплетираше зделката и го продаде својот уддел во Bugati Rimac!

Според последните информации, зделката која ја најавивме уште во април, (прочитајте повеќе на следниот линк) беше комплетирана на 9 Септември, 2026 година.

Со неа, Порше го продаде Бугати Римац, за сума од околу 1 милијарда евра на Конзорциумот HOF од Њујорк.

Според информациите, околу 250 милиони евра ќе бидат искористени за да се засили пензискиот фонд на вработените во Порше, додека остатокот ќе се употреби за санирање на финансиската состојба на Порше, која е очигледно очајна.

По лошите резултати минатата година, во јануари оваа година, компанијата ја превземе Михаил Летерс, кој покрај другото хируршки отстрани и 5.000 работници за намалување на трошоците и подигнување на профитабилноста.

Дополнително Летерс најави и дека компанијата мора да се ослободи од сите компании и делови кои не се директно поврзани со авто дејноста. Прва настрада компанијата MHP специјализирана во областа на IT и консалтингот која беше продадена на Tata Consultancy за сума од 320 милиони евра.

Со овие две големи трансакции, се очекува Порше да оствари маргина од 5,5% до 7,5%, иако е јасно дека овие моментни приливи на средства, кои нема да постојат веќе следната година, не значат дека состојбата во компанијата се нормализира.

Реклама