Можеби потегот и не е толку неочекуван, ако се земе предвид дека профитот на Porsche падна за 93% и дека во компанијата најавија темелна реконструкција и препород.
Како и да е, според официјалните информации, германскиот производител на спортски и луксузни автомобили Порше ги продал своите удели во компаниите Bugatti Rimac (45%) и Rimac Group (20.6%) на конзорциумот на инвестциската компанија HOF Capital од Њу Јорк.
Според официјалната изјава, Порше го влече овој потег за да може целосно да се посвети на својот клучен “core” бизнис.
Падот на профитабилноста, за која главно, вината се бараше во преагресивната стратешка политика за електрифицирање на автомобилите, и нанесе сериозна штета и на VW Групацијата, па за очекување е дека овој потег може делумно да ги ублажи раните.
Во овој момент не се очекуваат сериозни потреси во компаниите во кои доминира Хрватскиот Елон Маск, Римац, но, останува да го видиме тоа и во реалноста.
Во октомври 2025 година, се прошири веста дека токму Мате Римац сака да ги откупи овие 45% од Порше, но очиледно, не успеале да се спогодат за ова.








