Кинескиот производител на моторни возила BYD, ќе ја дислоцира својата деловна централа за Европа, во Унгарската престолнина Будимпешта.
Во комплесот ќе биде изработен и центар за истражување и развој, во кој Кинескиот производител планира да отвори илјадници работни места за врви професионалци од индустријата.

Дополнително BYD планира да соработува со најмалку три универзитети во Унгарија, со што ќе се обезбеди за квалификувана работна сила во иднината.
BYD веќе произведува електрични автобуси во Унгарија, а во Сегед се привршува првата фабрика во која, кон крајот на 2025 година треба да започнат да излегуваат и првите електрични автомобили произведени на европско тло.

Централата на BYD претходно беше лоцирана во Холандија, но во тој период главно се занимаваше со производство на автобуси.
Откако ќе се финишира фабриката за автомобили во Унгарија, планирано е да се отвори фабрика и во Турција.














