Забрзувањето на некои електрични возила може да биде опасно за мозокот

231

Италијанскиот супер бренд Ferrari го подготвува својот нов автомобил Luce, кој воедно ќе биде и првиот електричен автомобил на компанијата од Маранело.

Како што изјави шефот на Ферари, Бенедето Виња, во интервју за Autocar Индија, на проектот Luce му е посветено исклучително многу внимание.

Дополнително, тој тврди дека некои електрични автомобили забрзуваат толку брзо и линеарно, што тој шок може исклучително негативно да влијае на мозокот.

Затоа, за решавање на овој проблем, во подготовките за Luce, тие побарале помош од експерти од NASA. Заедно со нив, во процесот на фино прилагодување на својот автомобил тие утврдиле кое забрзување е “пресилно” за луѓето и како истото да го премостат.

За значењето и дизајнерската подготовка за овој стратешки важен чекор кон иднината на Ферари, направивме прилог во минатата епизода на Темпо Магазин :

Реклама