Со својот Epiq, Чешката Шкода влегува во нова ера

74

Чешката компанија Шкода, која работи под капата на Volkswagen Group, го претстави својот најнов модел Epiq, со кој брендот врти нова страница во процесот на електрификација.

Откако неговите браќа Cupra Raval и Volkswagen ID.Polo и беа претставени на јавноста како автомобили кои треба да ги направат електричните автомобили подостапни на пошироката јавност, истата задача во брендот од Чешка ја доби новиот Epiq.

Toa не значи дека новиот Epiq е ефтин, не… новиот Epiq треба да понуди нов, електричен, урбан SUV со напредна платформа, долг домет и брзо полнење. Комбинација на фактори кои заеднички прават нова слика за електричните автомобили.

Новиот Epiq е развиен на новата MEB+ електрична платформа која беше развиена за компактните автомобили со погон на предните тркала.

А оваа архитектура овозможува користење на помали батерии, помала потрошувачка и поголем простор за патниците внатре.

Во поглед на димензиите, Epiq е долг 4,171 метри, широк 1,798 метри, висок 1.581 метри и со меѓуосовинско растојание од 2.601 метри.

Дополнително, тој нуди одлични 475 литри багажен простор, еден од најголемите во својата категорија, поголем од 420-те литри кај Renault 4 и 310 литри кај Citroen e-C3.

Epiq ќе биде достапен со две батерии и три варијанти на моќноста. Помалата батерија има бруто капацитет од 38.5 kWh и нето капацитет од 37.5 kWh, и користи литиум железна фосфатна хемија во батеријата.

Поголемата батерија има бруто капацитет од 55 kWh и нето капацитет од of 51.5 kWh, а користи никел, манганска и кобалтна хемија, со што нуди подолга автономија со едно полнење.

Моделите Epiq 35 и Epiq 40 ја користат најмалата батерија. Првиот има моќност од 85 kW (116 коњски сили), а вториот 99 kW (135 кс).

Двата имаат вртежен момент од 267 Nm, домет од 310 километри и максимална брзина од 150 km/h.

На врвот на понудата е позициониран Epiq 55, со моќност од 155 kW (211 коњски сили), 290 Nm вртежен момент и домет од околу 440 км.

Максималната брзин е ограничена на 160 km/h, а со брзиот DC полнач, од 10% дo 80% батеријата се полни за околу 24 минути.

Преку V2L системот, енергијата од батеријата може да се користи за напојување и на други уреди надвор, како што се електрична скара, е-велосипед, надворешна лампа, кафемат…

Во ентериерот, Epiq користи минималистички дизајнерски пристап. Таблата е чиста, контролите остануваат лесни за користење, а преку големиот 13 инчен инфотејнмент систем базиран на Android технологија, делува како централниот дигитален центар на возилото.

Нуди нови графики, редизајнирани менија, екран home – со апликации поставени во форма на мрежа, со многу опции за персонализаљција и пристап до апликации како што се Spotify, YouTube и Google Maps.

Конективноста е овозможена преку апликацијата MySkoda. Возачот може оддалеку да ги контролира функциите на автомлбилот, да го менаџира полнењето на батеријата, да го стартува или запре процесот на полнење или да овозможи ладење или греење на внатрешноста од далеку.

Epiq се подготвува и за мобилен дигитален клуч, технологија која овозможува наместо физички клуч да се користи iPhone или Android паметен уред. Со него ќе може да се отлучи и заклучи возилото, како и да се овозможи кар шеринг (користење на возилото од повеќе возачи).

А цената? Таа ќе се движи околу пристојни 26.000 евра.

Реклама