VW се подготвува за 50-годишницата на Golf GTI

280

Првиот модел на култниот спортски автомобил на Volkswagen, GOLF GTI за прв пат се појави на европскиот пазар во 1976 година.

Имајќи го предвид значењето на овој автомобил во палетата на брендот од Волфсбург, кој досега се има продадено во околу 2,5 милиони примероци, не е за чудење, што подготовките за големото славење, веќе се започнати.

Во чест на ова полувековно постоење, VW го покажа моделот Golf GTI EDITION 50 на 24 часовната трка на стазата во Нурбургринг.

Јубилејниот модел, обоен во светло црвена боја, што продефилира по тркачката стаза во Германија, има моќност од 239 kW (oколу 320 коњски сили), и ќе ја одбележи историјата на брендот како најмоќниот Golf GTI досега.

Но она што е поважно за фановите на спортскиот Golf е дека овој модел оди во сериско производство кон крајот на 2025 година и ќе започне да се испорачува во првиот квартал од следната, јубилејна, 2026 година.

Golf GTI EDITION 50 има нова, тјунирана, DCC спортска шасија, фино прилагодено заклучување на предниот диференцијал и восоко прецизно, прогресивно управување, што дополнително ги подобрува перформансите на овој јубилеен модел.

Volkswagen го опреми својот специјален модел со 2.0 литарски мотор со турбо полнење – кој претставува модификација на погонската единица од моделот Golf GTI Clubsport со 221 kW (300 PS). Како резултат на посебни прилагодувања, моќноста на Golf GTI EDITION 50 е зголемена на 239 kW (325 PS) – споредено со класичниот Golf GTI кој во базичната конфигурација има моќност од 195 kW (265 PS), во превод, извлечени се дополнителни 44 kW (60 PS).

Максималниот вртежен момент на EDITION 50 е зголемен на 420 Nm. За споредба  Golf GTI Clubsport има максимален вртежен момент од 400 Nm, а Golf GTI продуцира 370 Nm.

Ако сакате да дознаете повеќе за историјата на моделот GOLF GTI, кликнете на постот во продолжение :

Реклама