Светска Премиера! Новиот Volkswagen ID.3 Neo!

565

Започнува годината на турбулентни новини и премиери во Volkswagen.

Kaко што напишавме во претходниот пост, оваа година германскиот производител на автомобили подготвува вистинска “поплава” oд новитети, од кои дури 6 нови модели ќе бидат лансирани во електричниот универзум.

Прв на листата е Новиот електричен Volkswagen ID.3 Neo, за кого во компанијата велат дека доаѓа со : ново име, нов дизајн, нов ентериер и нови технологии.

Се’ е ново во новиот ID.3 Neo!

Наследникот на ID.3 ja доживеа својата светска премиера со бројни новини и освежувања.

Како што изјави Мартин Сандер, Член на Бордот на Директори одговорен за Продажба, маркетинг и Постпродажба : “Развивме нова генерација на автомобили базирана на мотото ‘Вистински Volkswagen’ и во центарот на вниманието на нашите активности секогаш беше константно да создаваме бенефиции за нашите клиенти. Покрај подолгиот домет, моделите како што се ID.3 Neo импрсионираат со супериорен, безвременски дизајн кој нуди долгорочно задоволство, висок квалитет за првокласно возно искуство и техничка перфекција на која секогаш можете да се ослоните. Ова е зајакнато и со особено интуитивно работење, кое го прави секојдневниот живот полесен и поедноставен”.

Покрај многуте стандардни системи за асистенција на возачот (како Lane Assist, Front Assist), елекетричниот модел од компактната класа добива и нови функци како резултат на најновата софтверска генерација. Овие функции покрај другото подразбираат на пример – Connected Travel Assist со препознавање на сообраќајните знаци (како опционална опрема), возењето со една педала.

Дополнително, како и кај сите нови ID. модели, можно е сега да се напојуваат со енергија и надворешни уреди како што се електронски скари, електрични велосипеди или моторцикли, со моќ од 3.6 kW која доаѓа од високо волтажната батерија, преку користење на vehicle-to-load функцијата.

Нов дизајн на предницата

Во поглед на дизајнот, Nео добива нова предница базирана на новата дизајнерска филозофија на брендот – “Pure Positive” или чисто позитивно, како и нов дизајн на светлата.

Нов ентериер

Во ентериерот забележуваме нов, редизајниран кокпит, со интуитивни контроли, и интересно, повторно добиваме контролни копчиња.

Mултифункционалниот волан е комплетно редизајниран со рамка сплескана на врвот и долниот дел со јасно структуирани панели со копчиња. Новиот инфотејнмент систем има дигитален кокпит со 26 сантиметри (10,25 инчи) и центраен дисплеј со големина од 32.8-cm (12.9-инчи) со флуидни графики.

Според димензиите, новиот ID.3 Neo,нуди сосема солиден простор и комфор.

Со должина од 4.265 мм, Височина 1.553 мм и широчина од 1.809 мм, и меѓуоскино растојание од кое сериозно зависи комфорот на патниците од 2.764 мм.

Нова технологија

Новиот и ефикасен погонски систем на ID.3 Neo ќе биде комбиниран со три расположиви батерии и ќе нуди до 630 километри домет според WLTP циклусот.

Предпродажбата на електричниот модел од компактната класа започува во Германија утре, Четврток, 16 април, 2026 година.

Реклама