Во последно време забележан е нов бран на кражби во автомобилскиот свет во Европа.
Не. Не се работи за кражби на автомобили. Овојпат крадците се фокусирани на надворешните огледала (ретровизори) на луксузните автомобили.
Особено драматична е ситуацијата во Амстердам, каде крадците многу брзо умеат да ги растурат огледалата во кои има многу софистицирани и електронски компоненти, камери, ADAS елементи и сензори, и истите да ги пласираат на “црниот” пазар.
Eдно украдено огледало од овој тип, кај луксузните автомобили, лесно може да постигне цена до 2.000 евра, што секако, само по себе претставува магнет за луѓето од подземјето.
Главно е приметено дека се таргетираат моделите на Porsche, Ferrari Purosangue, Aston Martin DBX.

Од тие причини, во овие градови, стануваат се поатрактивни специјалните заштити за надворешните ретровизори, кои ја успоруваат процедурата за кражба, некои од овие системи имаат дури и брава со клуч, а сето тоа е значаен фактор крадците да ги заобиколат овие возила со дополнителна заштита.







