Во Кина, електричните автомобили, во просек се помлади од две години!

405

Последните статистички показатели покажуваат дека девет од десет електрични возила во Кина, се помлади од 1,8 години!

Овој податок беше изнесен во истражувањето на Асоцијацијата на производители навозила на Кина, China Association of Automobile Manufacturers (CAAM) и Hejun Consulting.

Причината за овој фрапантен податок, кој доволно јасно зборува за нивото на еволуција на пазарот на електрични автомобили во оваа земја, лежи во повеќе причини.

Прво, бумот со електричните автомобили во Кина, официјално започна во 2021 година и денес претставува околу 60% од вкупната бројка на продадени и регистрирани возила.

Второ, најголемиот број на сопственици на нови енергетски возила, своите автомобили ги менуваат во рок помал од пет години.

За разлика од нив, околу 70% од возилата со бензински и дизел мотор остануваат во сопственост на возачите повеќе од пет години.

Причината поради која електричните возила се менуваат со ужасно брзо темпо, лежи веројатно и во фактот, што во Кина истите имаат третман на технолошки производи коимногу брзо застаруваат. Се смислуваат нови системи, нови батерии, нови екрани и својства на возилата, па сопствениците сакаат да останат во тренд и да ги имаат најновите модели.

Во целиот процес, помагаи брзината со која се лансиаат нови модели, а која е и една од главните компаративни предност пред конкурентите во Европа.

Реклама